26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер: И да заминам Арсенал нема да победува на секој меч

Венгер: И да заминам Арсенал нема да победува на секој меч

Arsenal-Training-and-Press-Conference

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, во првото појавување пред англиските медиуми по дебаклот против Баерн во Лигата на шампионите, рекол дека најдоцна за два месеци ќе реши што ќе прави со својата кариера. Тој најави дека нема да се пензионира, а доколку не остане во Арсенал тогаш ќе се пресели во некој друг клуб.

Англиската јавност и навивачите жестото „удрија“ по Арсен Венгер по поразот 5:1 од Баерн во Минхен, во Лигата на шампионите. Најжестоки се навивачите, кои заедно со клубот, на титула во Премиерлигата чекаат од 2004 година, тие сакаат Венгер да замине по завршувањето на сезоната.

„Приказните за моето заминување не се ништо ново, веќе сум навикнал на такви работи. Тоа се пишува веќе 20 години. Не би сакал да разговарам на таа тема. Одлуката ќе ја донесам во март или најдоцна во април. Без оглед на тоа што ќе се случи јас ќе ја продолжам својата кариера. Чувствувам голема одговорност кон клубот. Важно е клубот да ја донесе вистинската одлука. Ова го работам веќе 20 години, имам многу можности да заминам, но секогаш останував. Мразам кога губам, но и доколку заминам, Арсенал нема да победува на секој натпревар“, рекол Венгер.

Инаку, ден по поразот од Баерн клупското раководство најави дека заедно со Венгер ќе одлучуваат што понатаму по завршувањето на сезоната.

Арсен Венгер на клупата на Арсенал седи веќе 21 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП