26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗаработуваме помалку пари од генерациите пред нас

Заработуваме помалку пари од генерациите пред нас

multitasking

Најновите истражувања за вработеноста и заработките покажала дека мажите на свои 20 години денес заработуваат илјадници фунти помалку отколку што заработувале генерациите пред нив, и тоа благодарение на промените во природата на самата работа.

Имено, истражувањата покажаа дека денес младите, до својата 30-та година заработуваат околу 12.000 долари помалку отколку генерациите родени меѓу 1966 и 1980 година. Претпоставка е дека причината за тоа е фактот дека денес е поголем бројот на оние кои работат привремени работи, кои, по правило, се послабо платени.

Резултатите на најновата анкета исто така покажаа дека се намалува разликата во заработката меѓу мажите и жените, но, до такви промени не дошло со зголемување на платата кај жените, туку со зголемување на процентот на мажи привремено вработени во послабо платени области, кои во последните 10 години пораснал за 45 проценти.

Имено, се поголем е бројот на жени кои ги оставаат слабо платените работи, со цел да се вработат на подобро платени позиции, заедно со зголемениот број на мажи, кои, во недостаток на подобри опции, прифаќаат привремени, сезонски и слабо платени работни позиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП