26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКои автомобили беа најбарани во светот во 2016-та?

Кои автомобили беа најбарани во светот во 2016-та?

globsale 00

Глобално најпродаваниот автомобил во 2016-та е „Ford F-Series“, додека на второто место се најде „Toyota Corolla“. Неприкосновениот европски лидер – „VW Golf“, се наоѓа дури на третото место, покажуваат податоците од 52-та најголеми светски пазари кои ги објави „JATO Dynamics“.

Годината која е зад нас беше глобално успешна за автомобилската индустрија, со оглед дека на купувачите им беа испорачани за 5,6% повеќе возила отколку во 2015-та година. Aнализата од 52-та доминантни светски пазари (продажбата во преостанатите земји од светот е бројно занемарлива) покажува дека од 84,24 милиони автомобили убедливо најмногу се продадени во Кина, дури 25,53 милиони  со годишен раст од 14,2%.

На второ место е САД со стабилна продажба (+0,4%) od 17,55 милиони. Јапонија е на третото со 4,90 милиони, Германија е четврта со 3,60 милиони, a Индија е на петто место по продажба со 3,32 милиони новорегистрирани автомобили.

globsale 01

Кога станува збор за најбараните модели во светот, споменатиот „Ford F-Series“, благодарејќи пред се на интересот на купувачите од северноамериканскиот континент е продаден во 986.660 примероци.

Ширум светот во 2016-та се испорачани 952.576 возила Toyota Corolla, a „Volkswagen Golf“ е продаден во 859.845 примероци, oд кои повеќе од половината завршиле кај европските купувачи.

Четвртото место е за „Wuling Hongguang“ со продадени 847.202 возила, „Nissan X-Trali“ се пласираше на 5-та позиција со 766.729 единици, додека „Hyundai Elantra“ е шеста со 765.996 примероци, а седми е „Ford Focus“ со 732.893 продадени автомобили.

Меѓу првите десет се и два „SUV“ модели на „Hondа“modela, „HR-V“ (724.769) и „CR-V“ (707.890), како и „Toyota RAV4“, кој во 2016-та е продаден ширум светот во 701.756 примероци.

globsale 02

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП