26 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 14.02.2017

Дневен хороскоп 14.02.2017

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате впечаток дека бројни деловни обврски ве кочат. Нема да се чувствувате добро во деловното опкружување. Во љубовта тажни сте од некоја причина. Лесно ќе влегувате во депресивна состојба.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Немојте денес да играте на среќа, бидејќи таа нема да функционира баш најдобро. Приземјте ги вашите ставови. Во љубовта ќе почувствувате одбивање од страна на партнерот или ќе слушнете нешто што нема да ви се допадне.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денот не е поволен ако се занимавате со недвижнини или продажба на земјиште. Поведете сметка за можни загуби. Доколку сте во брак ве очекува прилично тежок ден.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Избегнувајте важни деловни преговори денес. Денот ќе биде поволен само за рутински обврски. Во љубовта лесно ќе влегувате во кавга со партнерот.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Финансиите во моментов не ви се во најсјајна фаза. Потрудете се да не трошите премногу пари. Не сте сигурни во своите чувства и ќе се повлечете во себе, а тоа на партнерот многу ќе му пречи.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Нема да донесете позитивни деловни одлуки, па затоа денес најдобро е воопшто да не носите никакви одлуки. Во љубовта ќе делувате незаинтересирано за партнерот, иако тоа не е вистина.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Загрижени сте за деловната иднина бидејќи не можете да видите јасна слика од моменталните случувања. Почекајте малку пред да повлечете потези. Во љубовта ќе чувствувате несигурност, нема да верувате во партнерот.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Потрудете се максимално да и се посветите на работата. На моменталното работно место ќе ви бидат дадени големи шанси. Во љубовта можно е да се чувствувате малку осамено.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Потрудете се денес да не се впуштате во конфликти со надредените, можно е лошо да завршите. Во љубовта денес нема да имате време за партнерот, па ќе му го завртите грбот.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денот не е поволен за било какви процеси или формалности. Доколку ви е потребна некаква документација, почекајте поповолен период. Ви се допаѓа некое лице кое кон вас се однесува ладно.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Стравувате за својата финансиска стабилност. Можни се загуби. Поведете сметка за тоа. Во љубовта повлечени сте во себе, а тоа не одговара на вас, па партнерот ќе биде зачуден од однесувањето.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Размислувате за некоја деловна соработка која уште одамна ви била предложена. Можно е да ја обновите. Сметате дека партнерот има претерано тежок карактер за некои работи и не можете да го промените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП