27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla започнува со тест производство на Model 3

Tesla започнува со тест производство на Model 3

tri model 303

Долгоочекуваниот „масовен“ електричен автомобил на „Tesla“ може да се појави на пазарот значително побрзо од очекувањата.

Според информација на „Reuters“ производството ќе започне уште овој месец, најверојатно на 20-ти февруари. Пред тоа, компанијата ќе престане со склопување на „Model S“ и „Model X“, за да го подготви новиот модел.

Ако се потврди информацијата ќе уживаат не само илјадниците клиенти, кои го нарачаа „Model 3“, туку и акционерите на „Tesla“. Компанијата во текот на минатата година ги објави плановите за купување (почетна цена 35.000 долари) на електричниот автомобил, но потоа неколку пати го одложуваше своето деби, а во еден момент се зборуваше дури и за средината на 2018-та.

„Model 3“ е клучен за плановите на Илон Муск да го претвори „Tesla“ во масовен производител, со годишен обем од најмалку 500.000 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП