27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi RS Q5 ќе дебитира во Женева

Audi RS Q5 ќе дебитира во Женева

deb3

Германскиот производител „Audi“ за време на автосаемот во Женева на почетокот на март ќе ја покаже спортската верзија на кросоверот „Q5“. Ова го објави шефот на единицата „Audi Sport“ – Стефан Винкелман, за изданието „Motoring“.

Топ-менаџерот откри дека плановите на „Audi Sport“ предвидуваат претставување на вкупно 8 нови „RS“-модели. Првиот од нив ќе биде токму „RS Q5“, кој ќе се придружи на предложените „RS3“, „RS Q3“, „TT RS“, „RS6“, „RS7“ и „R8“. Винкелман не откри технички детали за кросовер, но тоа го направи извор на весникот, запознаен со плановите на „Audi“.

Моќниот „Audi Q5“ ќе се потпира на 2.9-литарски V6 мотор развиен од „Porsche“. Овој агрегат се појави кај новата генерација на „Panamera“, а ќе се поставува и на идните „RS4“ и „RS5“. Кај нив моќноста му е од 450 КС и 600 Нм, па се очекува и „RS Q5“ да има слични параметри.

Во моментов најмоќната верзија на овој модел на „Audi“ е „SQ5“ (на фотографијата). Таа располага со 3.0-литарски V6 со моќност од 354 КС и 500 Нм. Кај неа забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 5,4 секунди, се очекува кај „RS Q5“ времето да падне под 5 секунди. Максималната брзина ќе остане ограничена на 250 км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП