27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota останува најскапата автомобилска марка

Toyota останува најскапата автомобилска марка

tojka35

Британската компанија „Brand Finance“, која е специјализирана во бизнис-консалтинг, ја објави годинешната класификација за најскапите брендови во светот – „Global 500“. Во првите 100 влегуваат 10 автомобилски брендови или брендови од сродни индустрии – како сервисот „Uber“.

Најскапата автомобилска марка во светот останува „Toyota“, која е проценета на 46,3 милијарди долари. Во вкупниот пласман јапонската компанија се наоѓа на 12-тото место, која за една година ја зголеми вредноста со 7%.

На второ место е „BMW“, кој чини 37,1 милијарди долари. Баварскиот производител исто така ја зголемува вредноста со 6%, па така го зазема 17-то место во вкупниот рејтинг. Во тројката на автомобилските марки влегува и „Mercedes-Benz“, која е проценета на 35,5 милијарди долари  или со 11% повеќе од претходната година. Марката е на 21-то место во вкупниот пласман.

Четвртата позиција е за „Mitsubishi Group“, која сепак не се занимава исклучиво со производство на автомобили, туку има интерес во различни активности. Јапонскиот бренд вреди 28 милијарди долари, па така го зазема 35-то место во вкупниот пласман.

Топ 10 брендови поврзани со автомобили:

1. Toyota (46,3 милијарди долари; + 7%; 12-то место во вкупниот пласман)

2. BMW (37,1 милијарди долари; + 6%; 17-то место во вкупниот пласман)

3. Mercedes-Benz (35,5 милијарди долари; + 11%; 21-то место во вкупниот пласман)

4. Mitsubishi Group (28 милијарди долари; + 1%; 35-то место во вкупниот пласман)

5. Volkswagen (25 милијарди долари; + 32%; 41-то место во вкупниот пласман)

6. Nissan (24,8 милијарди долари; + 39%; 42-то место во вкупниот пласман)

7. Ford (22,4 милијарди долари; + 13%; 46-то место во вкупниот пласман)

8. Honda (21.3 милијарди долари; + 10%; 52-то место во вкупниот пласман)

9. Hyundai Group (20 милијарди долари; -16%; 60-то место во вкупниот пласман)

10. Uber (14,6 милијарди долари; + 32%; 89то место во вкупниот пласман)

Првото место во вкупниот пласман е за брендот „Google“, која експертите ја проценуваат на 109,5 милијарди долари. Брендот ја зголеми вредноста за една година со 24%. Следува друга технолошка корпорација – „Apple“, која загуби 27% од цената и сега вреди 107,1 милијарди. На третата позиција е сервисот „Amazon.com“, чија вредност е зголемена за 53% и сега вреди 106,4 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП