Во најновите верзии своите апликации за „iOS“ и „Android“ оперативните системи, „Viber“ овозможи уште една дополнителна опација за своите корисници кои посакуваат приватност или начин малку да ги „зачинат“ своите резговори со пријателите.
Oпцијата за пораки кои исчезнуваат по некое одредено време ја прослави „Snapchat“ во неговите рани денови, а сега со истиот рецепт нови корисници ќе се обиде да привлече и „Viber“.
Од сега со помош на „Viber“ ќе може да се испраќаат видео записи или фотографии, а притоа ќе може да изберат опција таквата содржина набрзо да исчезне од екранот на примателот и ќе бидат избришани од историјата на разговорот.
За сликите ќе биде можно да се одберат некои од понудените рекови на траење: 1, 3, 7 или 10 секунди, додека видео записите само со едно гледање и ќе исчезнуваат веднаш по завршување на првата и едниствената репродукција.
Опцијата за пораките кои исчезнуваат е достапна и во разговорите на еден на еден, како и групни разговори.