26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel ја откри Insignia Sports Tourer 4×4 (фото)

Opel ја откри Insignia Sports Tourer 4×4 (фото)

insiopel00

Светската премиера на новата генерација на „Opel Insignia Sports Tourer 4 × 4“ ќе се одржи за време на автосаемот во Женева во март, но компанијата-производител одлучи да открие детали за моделот, еден месец порано.

Во основата на караванот „Insignia“ е новата платформа на „Opel“ која е во основата и на стандардниот модел прикажан на крајот на минатата година. Таа му овозможува на автомобилот да отстрани околу 200 кг. во споредба со својот претходник. Во исто време растојанието помеѓу двете оски е зголемено за 92 мм.

insiopel04

Должината на караванот веќе достигнува 4986 мм, што е за 73 мм повеќе. Покрај тоа „Sports Tourer“ е додал и 31 мм во височина. Поголемите димензии сепак не се одразуваат на волуменот на багажникот. Тој останува 520 литри, но при навалување на задните седишта веќе е 1638 литри, што е со 110 литри повеќе од досега.

Како опција клиентот може да си нарача посебен систем, при која багажникот се затвора со притискање на копче. Освен тоа има и функција за безконтактно отворање, а за таа цел е потребно само да се помине со нога под задниот браник на возилото.

insiopel05

Од „Opel“ не открија детали за палетата мотори на „Insignia Sports Tourer“, но е сигурно дека тие ќе бидат истите што ги има и стандардниот модел. Тоа се бензински мотори со зафатнина од 1,5 и 2,0 литри, како и дизел со зафатнина од 1,6 и 2,0 литри. Верзиите со преден погон ќе добијат 6-брзински мануелен менувач, а оние со погон на четири тркала – автоматски со 8 брзини.

insiopel06

За караванот ќе бидат достапни сите системи за безбедност и асистенти на возачите кои беа прикажани во дебито на стандардниот модел. Покрај тоа „Insignia Sports Tourer“ ќе се потпира на нов систем за погон на четири тркала со две електронски управувања на оската и адаптивна шасија.

insiopel07

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП