„Sony“ конечно објави дека имплементацијата на поддршка за екстерни хард дискови пристигнува на конзолата „PlayStation 4“.
„„HDD“ кој пристигнува со „PS4“ лесно може да се надогради, но доколку ви е потребен уште простор за складирање на конзолата, сега и тоа е обезбедено. Со новото ажурирање, пристигнува опцијата за складирање содржина на екстерен хард диск. Потребно е само да поврзете „USB 3.0 HDD“ нa „PS4“ и сега ќе имате повеќе простор за конзолата“, стои во објавата на „PlayStation Blog“.
Ажурирањето поддржува „USB 3.0“ хард дискови со големина до 8TB, a на корисниците ќе им биде прикажувана опцијата да инсталираат и превземат игра директно од екстерниот хард диск. Исто така, сите апликации сочувани на екстерниот „HDD“ ќе се појават и на „Content Launcher“ нa „Home Screen“, па така е лесно да се следат апликациите кои неодамна се стартувани.
Најновото ажурирање е достапно за сите во бета програма, а вклучува и поддршка за прилагодена позадина и „3D Blu-ray“ преку „PlayStation VR“.