26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes нема да гради нови фабрики за електричните модели

Mercedes нема да гради нови фабрики за електричните модели

elektromece3

„Daimler“ планира да ги произведува новите електрични модели на „Mercedes“ во веќе постоечките фабрики на компанијата, така што тие ќе се составуваат заедно со автомобилите со внатрешно согорување на брендот, соопшти агенцијата „Reuters“.

„На овој начин ќе успееме да ги искористат можностите кои се отвораат пред нас со електрични возила и во исто време ќе треба значително помалку инвестиции за производство“, изјави шефот на производството во „Mercedes“, Маркус Шефер.

Од „Daimler“ изјавија дека марките „Mercedes“ и „Smart“ ќе лансираат над 10 електрични модели до 2025-та година, а уделот на моделите кои имаат нулта емисија треба да биде помеѓу 15 и 25 проценти од вкупната продажба на „Mercedes“.

Покрај тоа, компанијата потврди дека првиот модел од новиот бренд електрични возила – „EQ“, ќе се произведува во Бремен, а вчера беше најавено дека и фабриката во Зинделфинген исто така ќе произведува електрични возила.

„Daimler“ планира инвестиции до 10 милијарди евра за развој на електричните модели, а синдикатите притиснаа поголемиот дел од овие пари да бидат вложени во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП