26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari соборува рекорди од година во година

Ferrari соборува рекорди од година во година

ferka30

Италијанскиот производител на суперспортски автомобили забележа нов раст на продажбата во 2016-та.

Укинувањето на ограничувањето на производството, која изнесуваше 7.000 возила годишно, го забрза растот на продажбата на „Ferrari“ во последните неколку години.

Во 2016-та е забележан нов историски рекорд со 8.014 испорачани автомобили (+4,6% во однос на 2015-та). Најголемиот раст потигнаа моделите со V8 мотори (+5%), предводени од „Ferrari 488 GTB“ и „488 Spider“.

Истовремено, зголемена и продажбата на „V12“ модели (+4%), како што се „Ferrari GTC4 Lusso“, „LaFerrari Aperta“ и „F12tdf“.

Најмногу автомобили на овој производител пристигнале во „EMEA“ регионот кој го сочинуваат Европа, Блискиот исток и Африка (3.610 возила, со раст од 8 %). Следат Северна и Јужна Америка (2.687 примероци), пa азиско-пацифичкиот регион (без Кина, 1.098).

Во Кина минатата година беа продадени 619 модели на „Ferrari“.

Компанијата предвидува нов раст на продажбата во 2017-та и очекува ширум светот да испорача 8.400 aвтомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП