26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone e најпродаваниот телефон во светот

iPhone e најпродаваниот телефон во светот

Samsung-Galaxy-S6-iPhone-6-620x350

„Apple“ го надмина „Samsung“ на местото водечки производител на паметни телефони во последниот квартал од 2016-та година.

Според податоците на компанијата „Strategy Analytics“, „Samsung“ има испорачано 77,5 милиони единици, додека „Apple“ испорача 78,3 милиони паметни телефони.

„iPhone“ зграби 17,8 oтсто удел во продажбата, додека „Samsung“ има 17,7 проценти. Станува збор за време на еден квартал, но „Apple“ и „Samsung“ веќе подолго време водат битка за водечки производител на паметни телефони за еден или два процентни бода.

Треба да се напомене дека „Strategy Analytics“ веќе неколку години има лоша репутација откако се откри дека ги местат резултатите во одредени случаи, па затоа за потврда ќе се почекаат резултатите од „IDC“ и „Gartner“.

„Ова се најдобрите резултати за „iPhone“ во последната година, а „Apple“ успешно ја искористи ситуацијата со „Samsung“ (проблемите со уредот „Galaxy Note 7“)“, наведува компанијата „Strategy Analytics“.

Останатите водечки производители се кинеските „Huawei“, „Oppo“ и „Vivo“ со 10,2 посто, 6,7 проценти и 5,8 отсто удел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП