26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбамејанг: Од Дортмунд сигурно нема да заминам во Баерн

Обамејанг: Од Дортмунд сигурно нема да заминам во Баерн

aubameyang-696x464

Најдобриот стрелец на Борусија од Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг, изјавил дека голема е веројатноста дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот, но ја исклучил можноста да се пресели во минхенски Баерн.

Репрезентативецот на Габон, во минатото често истакнуваше дека сака да игра во Реал Мадрид, а од овој клуб не го кријат интересот за Обамејанг. Покрај Реал голем интерес за Габонецот покажува и Манчестер Сити.

Обамејанг истакнал дека доколку ја напушти Борусија сигурно е само дека нема да се пресели во Минхен, односно да тргне по стапките на Марио Геце, Роберт Левандовски и Матс Хумелс.

„Никој не може да знае што ќе се случува во иднина. Сигурно е само дека до крајот на сезоната ќе останам во Дортмунд и тоа ме прави среќен. Постои опција во јуни да заминам, а доколку тоа се случи сигурно нема да одам во Минхен, не сакам да ги разочарам навивачите на Борусија“, изјавил Обамејанг за Bild.

Оваа сезона напаѓачот на Борусија постигнал 20 голови на 22 одиграни натпревари. Обамејанг во моментов се наоѓа на Африканскиот Куп каде во првите две кола ги постигна двата гола за Габон кој ремизираше против Буркина Фасо (1:1) и Гвинеја Бисао (1:1).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП