27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБафет советува: Оваа вештина ќе ви ја зголеми вредноста за 50 проценти

Бафет советува: Оваа вештина ќе ви ја зголеми вредноста за 50 проценти

voren_bafet

Милијардерот Ворен Бафет им даде совет на студентите на Универзитетот Колумбија што е највредната вештина која треба да ја стекнат.

Замислете дека треба да работите само на една вештина во 2017-та година. Која вештина би била таа? Бафет вели дека тоа е јавниот говор. Ако сте добри во јавниот настап, тоа ќе ја зголеми вашата вредност за 50 проценти. Еве што кажа тој:

„Ќе ви платам 100.000 долари веднаш за 10 проценти од вашата идна заработка, на било кој од вас. Ако сте заинтересирани, се гледаме после предавањето.“

Откако смеењето престанало, тој станал сериозен и продолжил:

„Сега, можете да ја подобрите својата вредност за 50 проценти доколку научите една комуникациска вештина – јавниот говор. Ако се одлучите за тоа, се гледаме по предавањето, и ќе ви дадам 150.000 долари“.

Ако се преплашите на самата помисла дека треба да зборувате пред многу луѓе, не се грижете, не сте единствени. И Бафет го имал тој проблем. Како млад, се запишал на курс за јавен говор, но набрзо се откажал, бидејќи се плашел дека ќе биде повикан да говори пред сите. Меѓутоа, од вториот обид го завршил курсот и сега со гордост го истакнува тој факт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП