27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПознати се играчите кои ќе настапат на All Stars натпреварот

Познати се играчите кои ќе настапат на All Stars натпреварот

nbaallstarka 02

Со гласовите на навивачите, медиумите и кошаркарите во петок се избрани играчите за екипите кои ќе играат на NBA All Stars натпреварот во февруари во Њу Орлеанс.

Според гласовите и тоа 50 отсто од навивачите, и по 25 отсто од медиумите и кошаркарите, „петката“ од Запад ја сочиниуваат Стивен Кари (Голден Стејт Вориорс), Џејмс Харден (Хјустон Рокетс, Кевин Дурант (Голден Стејт Вориорс), Кави Леонард (Сан Антонио Спарс) и Ентони Дејвис (Торонто Рапторс). Во првата „петка“ од Истокот членуваат Кири Ирвинг (Кливленд Кавалирс), Демар Дерозен (Торонто Рапторс), Џими Батлер (Чикаго Булс), Леброн Џејмс (Кливленд Кавалирс) и Гианис Антетокунмпо (Милвоки Бакс).

nbaallstarka 00

Интерсно е што во петката од Запад го нема играчот од Оклахома Сити, Тандер Расел Вестбрук, иако оваа сезона до сега само запиша 20 трипл-дабл. Тој во изборот на бекови за Западот се најде на третото место по Кари и Харден.

Имињата на резервните играчи ќе бидат објавени следниот четврток, а ќе ги бираат тренерите од источната и западната конференција.

NBA All-Stars викендот се одржува од 17 до 19 февруари во Њу Орлеанс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП