27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGalaxy C7 Pro - 5.7-инчен дисплеј и 4 GB RAM меморија

Galaxy C7 Pro – 5.7-инчен дисплеј и 4 GB RAM меморија

c7pro 00

На 13-ти јануари на официјалниот сајт на „Samsung“ тивко и без бучава се појави „C7 Pro“. Меѓу најинтересните карактеристики на уредот се големиот дисплеј со завидна ефикасност и интересната цена.

На изглед „C7 Pro“ ќе им се допадна на сите корисници, за кои стилот е важно. Моделот личи на производите на „Apple“, „Meizu“ и може да се разликува од навестувањата за серијата „Galaxy A“.

„C7 Pro“ е опремен со 5.7-инчен „SuperAMOLED“-диспеј со „FullHD“ резолуција процесор „Snapdragon 626“, 4 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија со можност за зголемување до 256 GB со помош на „microSD“ картичка.

На предниот и на задниот панел се наоѓаат по една 16-мегапикселна камера со отвор f / 1.9.

Моделот е достапен во три бои: небесносина, златна и розово злато.

c7pro 01

Батеријата е со капацитет од 3.300 mAh, и покрај тенкото куќиште на смартфонот.

Покрај тоа на предниот панел се наоѓа скенер за отпечатоци, вграден во копчето „Home“.

Корисникот го добива „C7 Pro“ со оперативниот „Android 6.0.1 Marshmallow“ и интерфејсот на компанијата – „TouchWiz“.

Засега прелиминарните нарачки се достапни само за Кина. Детали за странскиот пазар нема.

Недостасува информацијата за неговата цена, но најверојатно таа ќе изнесува 400 долари.

За оваа сума „C7 Pro“ претставува балансиран уред што ќе ги привлече корисниците кои биле засегнати од „Galaxy Note 7“. Зошто? Бидејќи за нив од големо значење е извонредната дијагонала на екранот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП