26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung најавува водоотпорен Galaxy S4

Samsung најавува водоотпорен Galaxy S4

galaxy-s41

Претседателот на „Samsung Gulf Electronics“, Јанг Со Ким потврди дека тие подготвуваат верзија на „Galaxy S4“ која ќе биде отпорна на прашина и вода, што секако со тоа ќе бидат чекор пред конкурентите.

Тој исто така најави дека водоотпорниот „GalaxyS4“ би требало да биде претставен веќе за неколку недели.

Секако ваквата изјава би можела негативно да влијае на моменталната побарувачка на моделите „Galaxy S4“. Аналитичарите сметаат дека со појавувањето на водоотпорните телефони многумина би ги откажале постоечките нарачки, затоа што секој би сакал да ја има „напредната“ верзија која е отпорна на вода и прашина.

Нормално треба да се очекува и посебна цена за ваквиот уред поради опцијата која ја има, но останува да се види дали ќе има вистина во овие најави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП