27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКонте го суспендираше Коста

Конте го суспендираше Коста

diego kosta335

Менаџерот на Челзи Антонио Конте го исфрлил од тимот Диего Коста пред гостувањето на лидерот во Премиерлигата кај актуелниот шампион Лестер.

Бразилецот со шпански пасош кој сезонава е најдобриот стрелец на Челзи влегол во конфликт со помошникот на Конте, Хулио Тусо.

Оваа информација доаѓа веднаш по веста која ја пренесоа сите англиски медиуми дека Коста добил понуда од еден кинески клуб, кој му гарантира годишна плата од 30 милиони евра.

Бразилецот во Челзи пристигна за сума од 35 милиони евра во 2014 година од Атлетико Мадрид, ја освои веднаш шампионската титула, но минатата сезона играше лошо како и целиот тим. со доаѓањето на Конте тој ја врати формата и со 14 голови ја предводи Премиерлигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП