27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit ќе подели 14.000 откази

UniCredit ќе подели 14.000 откази

14db-unicredit-master768

Акционерите на најголемата италијанска банка UniCredit го поддржаа планот за собирање на 13 милијарди евра за зголемување на капиталот во рамките на стратегијата за подобрување на профитот.

Планот на директорот Жан Пјер Мустие доби поддршка од 99.6 проценти од акционерите. Тој план покрај зголемувањето на капиталот во првиот квартал предвидува и ослободување на банката од 17,7 милијарди лоши кредити и намалување на бројот на вработените за 14.000 лица.

Мустие изјави дека првите реакции на пазарот се позитивни и дека во наредните три недели ќе ги помине на состаноци со инвеститорите од повеќе земји.

UniCredit, најголемата банка според имотот, има намера поголемиот ден од новиот капитал, 8,1 милијарди евра, да го искористи да ги надомести загубите од заемите кои со попуст им ги продава на инвеститорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП