26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКошчелни, Жиру и Кокелан ги продолжија договорите со Арсенал

Кошчелни, Жиру и Кокелан ги продолжија договорите со Арсенал

arsenal-696x464

Французите Оливје Жиру, Лоран Кошчелни и Френсис Кокелан потпишаа нови договор со Арсенал, соопшти лондонскиот клуб.

Менаџерот Арсен Венгер решил на сонародниците да им понуди нови, финансиски подобри договори, но клубот не објави за колку години овие тројца фудбалери ја продолжиле верноста кон Арсенал.

„Задоволен сум што потпишавме со тројца важни играчи за клубот. Кошчелни е наш клучен играч и еден од најдобрите дефанзивци во светот, Кокелен многу напредуваше последните сезони, додека Жиру има искуство и е комплетен напаѓач“, изјави Венгер за клупската интернет страница.

Откако ја решо иднината на сонародниците Венгер сега ќе се фокусира кон продолжување на договорите со двајцата најдобри во тимот Алексис Санчез и Месут Езил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП