27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC претстави два нови модели – HTC U Ultra и HTC U...

HTC претстави два нови модели – HTC U Ultra и HTC U Play

htctel 00

Tајванскиот технолошки гигант „HTC“ денеска претстави два нови смартфони: „HTC U Ultra“ и „HTC UPlay“.

Минатогодишниот премиум модел „10“ беше најавен без голем помпа, собирајќи бројни признанија, а компанијата во меѓувреме го промени пристапот, па оваа година претстави многу поразлични модели.

Двата уреди имаат ултра-тенко, но отпорно куќиште со „течна“ површина, која е резултат на двегодишниот развој и го содржи „HTC Sense Companion“ – интелегентниот софтвер кој секојдневно учи врз основа на користењето на телефонот.

htctel 01

„HTC U Ultra“ доаѓа со „Quad HD Super LCD 5“ екран од 5.7 инчи со „Dual Display“ и „Gorilla Glass“ (моделот со 64GB) или „Sapphire Glass“ (со 128GB), 64 или 128GB вкупна меморија за чување на податоци со можност за проширување до 2TB и 4GB RAM.

Моделот има четиријадрен процесор „Qualcomm Snapdragon 821“, a работи на оперативниот систем „Android 7.0“.

Уредот поседува главна камера од 12 мегапиксели, камера од 16 мегапиксели на предната страна и сензор за отпечаток на прстот. „Selfie Panorama“ овозможува снимање на широкоаголно „селфи“ без користење на „селфи стик“.

„HTC U Ultra“ има друг екран на горниот дел од телефонот кој прикажува известувања без прекинување на моменталните активности и комуницира со вештачка интелегенција со цел корисникот да добие информации кои навистина го интересираат.

Во уредот се вградени четирите моментално најдобри микрофони на пазарот кои корисникот (со минимална потрошувачка на батеријата) постојано го слушаат и чекаат гласновна активација. На тој начин можно е да се активира телефонот кој се наоѓа на другиот крај на просторијата без оглед дали е тој заклучен или не. Микрофоните снимаат и „3D“ звук при снимањето на видео материјал.

Интелегентните слушалки кои пристигнуваат во продажниот пакет се прилагодуваат на слухот на корисникот, нудејќи целосно пресонализирано уживање во звукот со отстранување на бучавата од околината.

htctel 02

„HTC U Play“ има 5.2 инчен „Full HD“ (1080p) „Super LCD“ екран со „Gorilla Glass“, осумјадрен „MediaTek Helio P10“ процесор, 3GB RAM и „USB Type-C“ конектор.

Корисниците на него можат да чуваат податоци до 32GB со можност за проширување до 2TB.

На предната и задната страна на телефонот се наоѓаат камери од 16 мегапиксели, а уредот содржи и сензор за отпечаток на прстот.

Батеријата е малку послаба, па нејзиниот капацитет овој пат изнесува 2.500mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП