26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЈужна Америка ги поддржи финансиските резултати на Monsanto

Јужна Америка ги поддржи финансиските резултати на Monsanto

monsanto2222

Американската компанија за семиња и пестициди „Monsanto“ која германската „Bayer“ ја купи за 66 милијарди долари, објави профит за кварталот, поддржан од поголемата побарувачка во Јужна Америка, соопштува „Ројтерс“.

Продажбата на соја семиња скокнаа за 37%, откако се повеќе земјоделци во Јужна Америка ги сеат генетски модифицираните семиња за соја на компанијата „Intacta RR2 Pro“.

Во септември „Monsanto“ се согласи да биде купена во понуда за 128 долари за акција од „Bayer“. Ако биде одобрена од регулаторите, зделката ќе создаде компанија која ќе контролира над една четвртина од светскиот пазар на семиња и пестициди.

„Monsanto“ позната по генетски модифицираната пченка и хербицидите „Roundup“, не се обезбедени ажурирани информации за регулаторните одобренија или за потенцијалните продажби поврзани со трансакцијата со „Bayer“.

„Bayer“ и „Monsanto“ велат дека се убедени дека договорот ќе помине низ регулаторните проверки. „Bayer“ рече дека е подготвена да се раздели со средства од портфолиото за 1,6 милијарди долари за да добие одобрение.

Нето добивката на „Monsanto“ достигна 29 милиони долари, или 7 центи по акција, во првиот квартал, завршена на 30-ти ноември, во однос загубата за 253 милиони долари, или 56 центи по акција, на годишна основа.

Без еднократните ефекти компанијата забележува профит од 21 центи по акција.

Нето продажбата се зголеми за над 19% до 2,65 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП