26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCaterham пушта сериски спортски модел

Caterham пушта сериски спортски модел

cat-h00

Британскиот производител „Caterham Cars“ се подготвува да пушти нов спортски модел за масовен пазар. Тој ќе се продава истовремено со легендарниот роудстер „Seven“, но за разлика од него ќе добие попривлечен дизајн за современите клиенти, објави „Autocar“.

Во случајот станува збор за заживување на проектот „C120“, кој беше замрзнат по разделбата со „Renault“. Во 2012-та година, францускиот производител и „Caterham“ ја создадоа здружената компанија „Societe des Automobiles Alpine Caterham“ во кое имаат подеднакво учество. Партнерите предвидуваа создавањето на две купе возила со заден пренос, кои што немаше да имаат 70% општи детали. Англиската варијанта го доби името „Caterham C120“, а францускиот требаше да стане првиот модел од обновениот бренд „Alpine“.

Во 2013-та година шефовите на двете компании го етаблираа дизајнот на автомобилите, но кога „Renault“ го откри изгледот на својот модел, реакциите беа доста контрадикторни. Тоа ги натера Французите за ремонт на дизајнот, што во исто време го забави развојот на автомобилот на „Caterham“. Постепените противречностите меѓу двете марки се зголемија и во 2014-та година „Renault“ го откупи уделот на Британците во заедничката фирма.

Целиот проект чинеше 150 милиони евра, а двете страни мораа да обезбедат по 75 милиони. До разделбата „Caterham“ потроши околу 20 милиони евра, што е сериозна сума за малата компанија. Затоа сега Британците повторно бараат партнер, а се пресметува дека дизајнот и производството на автомобилот ќе чини најмалку 50 милиони евра.

Шефот на „Caterham“ – Греам Мекдоналд, откри дека за разлика од „C120“ кој претставуваше купе со средно поставен мотор, кај новиот автомобил моторот ќе биде поставен во предниот дел. Истовремено со правењето на новиот модел, компанијата ќе работи и на обновувањето на двоседот „Seven“, кој следната година ќе наполни 60 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП