26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗбогум G5: LG се откажува од модуларните смартфони (видео)

Збогум G5: LG се откажува од модуларните смартфони (видео)

g5-tele-00

Moдуларните паметни телефони беа долготраен сон на визионерите за идниот изглед и функции на смартфоните. „LG G5“  донесе надеж во конечното остварување, но (не)успешноста на овој уред веројатно ја закова и последната шајка во ковчегот на модуларните телефони.

„LG“, првиот „mainstream“ производител на паметни телефони кој пристапи кон создавање на модуларни уреди, најверојатно ќе го напушти споменатиот пристап со цел да се посвети на класичните телефони.

Потсетуваме, „LG G5“ е модуларен смартфон, односно уред кој можеше да се надоградува со различни модули, како што се камера од 360 степени или „Hi-Fi“ аудио „DAC“.

Ергономијата за промена на модулите е катастрофална, а повеќето корисници не одвојуваа пари за нивно купување. Податоците во врска со продажбата на телефонот, која беше повеќе од лоша и која доведе до најавени отпуштања во компанијата, го натера водечкиот врв на „LG“ на драстични промени.

„LG“ нема да се обидува да ја поправи својата верзија на моудларен телефон, туку, како што стојат работите, во целост ќе го напушти тој пристап, барем кога станува збор за премиум телефони.

Според новите информации поврзани со следниот премиум смартфон на „LG“ кој ќе се нарекува „G6“, уредот ќе биде традиционален паметен телефон. Ќе го красат заоблените рабови, стаклен заден дел, целосна отпорност на вода и помалку влезови за модули, кои на „G5“ се наоѓаа на дното од телефонот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП