27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ Lamborghini се предаде - пуштa хибриден Urus

И Lamborghini се предаде – пуштa хибриден Urus

urus-hib3

Италијанскиот производител на спортски автомобили „Lamborghini“ нема намера да нуди хибридна модификација на своите модели, а исклучок ќе биде направено само за првиот кросовер на брендот. Ова го пишува весникот „Autocar“, кој се повикува на шефот на одделот за истражување и развој на компанијата Маурицио Реџина.

Серискиот теренец на „Lamborghini“, создаден според мотивите на концептниот модел „Urus“, треба да излезе на пазарот во 2018-та година. Овој „SUV“ ќе биде и единствениот хибрид на брендот, а ќе може да се полни од електричната мрежа.

Се очекува освен хибриден агрегат, идниот „Lamborghini Urus“ да добие и верзија со 4,0-литарски твин-турбо V8 мотор. Според Реџина, турбомотор е потребен, бидејќи за кросовер од особена важност е високиот вртежен момент. Останатите модели на брендот, како и досега, ќе се нудат само со атмосферски мотори.

Топ-менаџерот додаде дека во компанијата не гледаат смисла во производството на еколошки модели, бидејќи тие отстапуваат во однесувањето на патот и управливост на класичните спортски автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП