27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРекордна побарувачка на Mercedes G-Class

Рекордна побарувачка на Mercedes G-Class

rek-g-class-00

Веќе со децении популарниот модел на „Mercedes“ – „G-Class“, постави нов рекорд за производство – 20.000 составени возила од почетокот на годината. Ова е најголемото количество произведени примероци на „G-Class“ во рамките на една година, а дебито на производството на серискиот модел започна пред 37 години.

Цело тоа време теренецот се произведува од „Magna Steyr“ во Грац, Австрија. Автомобилот број 20.000 за оваа година е порачан со интересна нијанса на белата боја – „mystic white“, како и кожен ентериер кој е екстра. Компанијата има посебна фабрика во Грац, во која се вршат подобрувањата на „G-Class“.

rek-g-class-01

Оживувањето на интересот кон моделот на „Mercedes“ може да се објасни и од зголемената побарувачка на „SUV“ моделите во светот, како и од растот на продажбата на луксузни модели на големите пазари.

Неодамна се појавија шпионски фотографии кои покажаа дека конечно „G-Class“ ќе има заменик кој сепак ќе ја задржи познатата форма на класичниот модел, но ќе нуди повеќе простор во кабината. Најхрабрите гласини ја предвидуваат појавата на компактен кросовер, инспириран од „G-Class“, кој ќе донесе нови клиенти на „Mercedes“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП