26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStarbucks да внимава, новиот крал на кафето може да му го одземе...

Starbucks да внимава, новиот крал на кафето може да му го одземе тронот

20161024184915_394128

JAB Holding, компанија која полека стекнува се повеќе муштерии и му се приближува на најпознатиот американски бренд за кафе, започнува да ја гради својата империја.

Оваа компанија, во сопственост на мистериозното австриско семејство Рајман, особено се истакна кога го купи производителот на апарати за кафе „Keurig“, и најави дека ќе го преземе престолот на пазарот на кафе.

Тие развија сопствен ланец на кафетерии наречен „Кафе и кроасани“, кој ги мами купувачите со амабалажата и интересните брендови на кафе.

Медиумите им предвидуваат дека ќе станат сериозен конкурент на „Starbucks“, ако веќе не се, а брокерите дека ќе бележат раст од пет проценти годишно.

„Ги споивме свежите пекарски производи и свежото кафе и така создадовме пријатна атмосфера во нашите кафетерии. Се надеваме дека ќе ја пополниме празнината на пазарот“, изјави директорот Мајк Татерсфилд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП