27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda ќе произведува SUV-купе

Skoda ќе произведува SUV-купе

kupesuv-skoda3

„SUV“-купето на „Skoda“, што ќе е базирано на најновиот модел на Чесите – „Kodiaq“, добило зелено светло за Европа, објави магазинот „Auto Express“. Единствениот проблем пред „Skoda“ е дека шефовите на компанијата тешко ќе најдат слободни производствени капацитети, за да го пуштат на пазарот на Стариот континент.

Претходно оваа година шефот на чешката марка Бернхард Мајер потврди дека овој модел ќе се продава во Кина, но одговори двосмислено за можноста возилото да се продава во Европа. „Skoda“ навести уште во 2015-та дека ја разгледува можноста да пушти ривал на „Range Rover Evoque“, „BMW X4“ и „Mercedes GLC“, но чешкиот модел ќе биде малку поголем на димензии.

„„SUV“-купето е одличен дериват. Така „Skoda“ ќе стане емоционален бренд“, рече Мајер на прес-конференција во Прага.

Сега потврдата дојде од членот на бордот на директори на „Skoda“, Кристијан Штрубе, кој е одговорен за развојот на новите модели.

„Сакаме да го нудиме овој автомобил во Европа. Вистинскиот проблем е дека во моментов немаме капацитет да го составуваме, а сè што сакаме е да го извадиме на пазарот. Овој модел има навистина голем потенцијал за пазарот во Европа. Тоа ќе е добар бизнис модел. Сега сепак продаваме толку многу автомобили што дискутираме каде точно ќе го произведуваме новиот модел. Новиот „SUV“-купе ќе е следниот чекор во развојот на „Skoda“ како бренд. Ние сме компанија која се залага на практичните и функционални автомобили, а сега ќе направиме чекор кон клиентите кои бараат повеќе емоции“, објасни Штрубе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП