26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJeep подготвува 2 нови модели

Jeep подготвува 2 нови модели

novi-jeep3

Одушевени од успехот на „Renegade“ и отворените перспективи пред неодамна претставениот „Compass“, шефовите на компанијата „Jeep“ сметаат во сосема блиска иднина да понудат на пазарот уште 2 нови теренци. Ова го соопшти шефот на брендот Мајк Менло, цитиран од „Autocar“.

За едниот од нив веќе се знае дека ќе го носи името „Grand Wagoneer“ и ќе стане новиот предводник на брендот. Тој ќе биде лоциран над „Grand Cherokee“ во палетата на американскиот производител, а од информациите станува јасно уште дека на овој проект се работи веќе 5 години.

Очекувањата се тој да биде целосно подготвен во 2018-та година, а по дебито на пазарот ќе треба да се натпреварува со „Range Rover Autobiography“. Во „Jeep“ сметаат дека сличен луксузен автомобил ќе може да се продава по цени од 140.000 американски долари.

Вториот очекуван модел на марката е компактен „SUV“, кој ќе биде помал од „Renegade“. Неговата должина ќе биде помала од 4 метри, со што ќе се доближи до димензиите на „Fiat Panda Cross“ или „Ford EcoSport“. И покрај скромните димензии, новиот модел ќе ги задржи сите црти кои се типични за брендот, но претстои да биде одлучено дали ќе се продава во целиот свет или само на одредени пазари, каде што има интерес за такви автомобили.

Во „Jeep“ веќе работат напорно и на следната генерација на „Wrangler“, како и на пикап кој ќе користи шасија на легендарниот модел. Концернот „Fiat Chrysler Automobiles“ најави дека ќе инвестира над 1 милијарда долари за модернизација на две од американските фабрики во кои ќе се произведуваат новите модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП