26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBAT нуди 47 милијарди долари за целосно преземање на Reynolds American

BAT нуди 47 милијарди долари за целосно преземање на Reynolds American

bat_2148576b

British American Tobacco (BAT) понуди за купување на американската тутунска компанија Reynolds American 47 милијарди долари, а со реализацијата на таа работа би настанала најголемата тутунска компанија во светот.

Британската тутунска група, која веќе поседува 42 отсто од уделот во Reynolds, објави дека за преземање на остатокот на компанијата нуди 56,50 долари за акција, од што 24,13 долари би биле во готовина, а 32,37 долари во акции на BAT, што претставува премија од 20 отсто на цената на акциите на Reynolds во четврток на затворањето на Волстрит.

Така вкупно за преостанатите 57,8 отсто од сопственичкиот удел во Reynolds, BAT понудил 47 милијарди долари, при што приближно 20 милијарди во готовина, а 27 во свои акции, објави BAT во петок.

BAT  е една од најголемите мултинационални тутунски компании, со повеќе од 200 сопствени брендови, а вработува повеќе од 50.000 луѓе и продава 663 милијарди цигари што ги произведува во 44 фабрики во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП