Тешко е да се биде и остане мотивиран во текот на тмурните денови. Но постои начин, како да си помогнеме…
Деловниот прирачник од Харвард порачува дека постои начин како себе си да се измамиме и многу продуктивно да ги извршиме сите дневни задачи.
Имено, поентата е во тоа да се наградуваме себеси и тоа не само за успешно завршената работа, туку и за време на работењето. Се препорачува луѓето да прават нешто забавно, нешто што им одговара додека ги извршуваат дневните задачи.
Тоа може да биде слушање музика, или пауза со пријателите.
Поттик за продуктивноста можат да бидат и наградите кои ве очекуваат по успешно обавените задачи. Сами смислете со што ќе се почастите за вашиот труд и напор и тоа нешто може дополително да ве мотивира.