26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСкандалот во Англија се шири, вмешани Хаселбајнк, газдата на Лидс...

Скандалот во Англија се шири, вмешани Хаселбајнк, газдата на Лидс…

flojd 333

Скандалот кој од вторникот ја тресе фудбалската јавност во Велика Британија доби ново продолжение, а се споменуваат имињата на Џими Флојд Хаселбајнк, Томи Рајт, и сопственикот на Лидс, Масимилијано Челино.

Редакцијата на Tepegraph најпрвин објави видео снимка на кој сега поранешниот англиски селектор Сем Алардајс, на двајца новинари, за кои верувал дека се менаџери од Далечниот исток, им објаснувал како да го заобиколат правилотo на Фудбалската асоцијација на Англија и ФИФА за правилото „трета страна“ при трансфери на фудбалери, за што би бил награден со 400.000 фунти.

Поранешниот менаџер на Сандарленд, Вест Хем и Њукасл веднаш се најде на ударот на јавноста, поради што по само 24 часа се договори со ФА и поднесе оставка.

Случајот со Алардајс бил само почеток на серијалот кој го објавува Telegraph, во четвртокот на удар се легендарниот играч на Челзи и Атлетико Мадрид, Џими Флојд Хаселбајнк, кој е актуелен менаџер на Квинс Парк Ренџерс, потоа помошниот тренер на Барнсли, Томи Рајт, и сопственикот на Лидс, Масимилијано Челино.

На Хаселбајнк лажните безнисмени му понудиле да стане дел од агенцијата која се занимава со продажба на играчи, конкретно на неговиот тим и дека тој би заработил 55.000 фунти.

Од друга страна, помошниот тренер на Барнсли, Рајт е снимен како прима поткуп од 5.000 фунти, поради што клубот експресно го суспендираше.

Италијанецот Челино, на лажните бизнисмени дури им понудил да им продаде 20 отсто од сопственоста на клубот за сума од 12 милиони фунти, а во иднина тој да добива процент од трансферите на играчи.

Инаку, по објавувањето на снимката веднаш се огласи Хаселбајнк кој тврди дека е невин, додека од клубот најавиле дека ќе покренат истрага и дека имаат целосна доверба во својот тренер.

Хаселбајнк рекол дека преговарал да држи предавање на Далечниот исток и тоа кога во клубот има слобиден ден и дека за таа услуга би заработил 55.000 фунти. Тој дополнил дека нема никаква контрола врз трансферите за кои се задолжени Лес Фердинанд и раководството на КПР.

Адвокатите на Холанѓанецот најавија тужба против Telegraph.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП