26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHTC 606W паметен телефон од средна класа

HTC 606W паметен телефон од средна класа

htc-606w

Гласините во врска за тоа дека се очекуваат паметни телефони од средна класа со „UltraPixel“ технологија за камерите се покажаа како точни.

Овој паметен телефон до некаде наликува на „HTC One“, но има два звучници на предната страна, две капацитативни копчиња и различен изглед на задната камера.

Инаку телефонот наречен „HTC 606w“ се одликува со 4.3 инчен екран со 720p, како и „Android 4.1.2 Jelly Bean“ платформа со „Sense 5“ кориснички интерфејс. Исто така тука е и „Snapdragon 400“ чипсет кој содржи две јадра „Krait 200“, 1 GB RAM и „Adreno 305 GPU“, а од останатите спецификации ги издвојуваме интерната меморија од 16 GB, Wi-Fi, Bluetooth 4.0, GPS + GLONASS и dual-SIM поддршка. Нормално треба да се издови дека ова е уште еден модел кој ќе пристигне со „UltraPixel“ технологијата, но во овој момент ништо друго не е познато, освен дека резолуцијата најверојатно ќе биде како кај „HTC One“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП