27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda го одложи дебито на RX-9

Mazda го одложи дебито на RX-9

 

mz 3333

„Mazda“ одлучи да го одложи пуштањето на пазарот на сериската верзија на новиот модел „RX-9“. Јапонците планираа моделот да биде прикажан во 2017-та година, кога се навршуваат 50 години од основањето на моделот „Cosmo Sport“. Според изданието „Motoring“ сепак следната година ќе видиме само нов концептен прототип. Додека сериската верзија ќе се појави на пазарот дури во 2020-та година.

Новиот автомобил ќе стане наследник на закочените од производство „RX-7“ и „RX-8“. Дизајнот на возилото ќе биде максимално сличен до концертуалниот „RX-VISION“ (на сликите), претставен на саемот во Токио во ноември минатата година. Сериската верзија сепак ќе биде 200 мм подолга од прототипот, а нејзината тежина ќе е 1400 кг.

mz 3334

Како и концертуалниот „RX-VISION“, така и сериската „Mazda CX-9“ ќе добие агресивен дизајн и каросерија од карбон. Во кабината на автомобилот ќе преовладуваат скапа кожа и декоративни елементи.

Идното купе ќе биде опремено со ротирачки мотор кој ќе треба да елиминира 3 од сериозните проблеми на претходниот таков мотор. Тоа се најголемата потрошувачка на гориво и масло, големата емисија на шетни гасови и лошиот вртежен момент во средниот опсег на вртежи. Според првичните податоци моќноста на моторот ќе биде околу 450 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП