26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUber изгубил барем 1,27 милијарди долари во првата половина од 2016-та

Uber изгубил барем 1,27 милијарди долари во првата половина од 2016-та

uber 3399

„Uber Technologies“ најверојатно загуби најмалку 1,27 милијарди долари пред камати, даноци, депресијација и амортизација, во првите шест месеци од 2016-та година, пишува „Bloomberg“.

Субвенциите со кои „Uber“ ги наградува возачите, се главната причина за загубата, коментирал финансискиот директор Гаутам Гупта на средба со инвеститори, наведува „Bloomberg“, повикувајќи се свои извори.

Во првиот квартал, компанијата изгубила 520 милиони долари, а во вториот уште 750 милиони долари.

„Uber“, е проценет на близу 69 милијарди долари, забележува негативен финансиски резултат од најмалку 2 милијарди долари во 2015-та година. Во четиригодишната историја „Uber“ изгуби најмалку 4 милијарди долари.

Во вториот квартал нето приходот бележи раст од 18% до околу 1,1 милијарди долари од 960 милиони долари во првото, додека бираните средства се зголемуваат до над 5 милијарди долари од 3,8 милијарди долари, колку што беа на крајот на март.

Од „Uber“, во кој инвестираат компании од рангот на „Goldman Sachs“ и „Amazon.com“, не можеле да коментира веднаш на темата.

Иако не е јавна компанија, интересот за телефонскиот разговор меѓу финансискиот директор Гаутам Гупта и инвеститорите бил голем, посочува „Bloomberg“. Според него иако во САД, „Uber“ предвид профит во првиот квартал, компанијата повторно изгубила пари во вториот квартал, овој пат околу 100 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП