27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеверојатно лесен начин да ја изберете вистинската кариера и да успеете во...

Неверојатно лесен начин да ја изберете вистинската кариера и да успеете во неа

job-660x330 (1)

Иако постојат многу текстови напишани на оваа тема Psychology today открива дека решението е исклучително едноставно и на дофат на рака во само девет чекори.

1. Изберете една или две работи со кои најмногу сакате да се бавите во својата кариера: зборови, податоци, луѓе, претприемништво или изградба и поправка.

2. Дали постојат уште некои работи на кои инсистирате во тој поглед? На пример друштвениот статус, високите приходи или политичката коректност…

3. Тоа што го наведовте во чекор 1 и 2 пронајдете во која кариера е најмногу опфатено. Изберете го тоа што овој сајт го наведе: Архитектура и инженеринг, уметност и дизајн, градежништво и чистење на терени, бизнис и финансии, социјална работа и давање на социјални услуги, компјутери и ИТ, едукација и библиотекарство, забава и спорт, земјоделие, риболов и шумарство, услужни дејности и подготовка на храна, здравствена нега, инсталации и поправка, право, живот, социологија и психологија, менаџмент, математика, медиуми и комуникации, војска, администрација, лична нега, производство, заштита, продажба и транспорт.

4. Најдете книги за овие кариери, читајте статии и најдете снимки на интернет.

5. Изберете која кариера ви лежи на вас, во која сте се пронашле и која најмногу ве заинтересирала.

6. Потоа побарајте курсеви, тренинзи и обуки во таа област.

7. Побарајте ги луѓето во тие установи, најдете ментор и позборувајте со него. Разјаснете каква диплома или лиценца подоцна ќе имате.

8. Обезбедете си пракса и волонтирајте во тој период на обука и тогаш дадете се од себе.

9. Кога ќе почувствувате дека сте блиску до работата истакнете ги своите вештини и покажете го својот максимум, а маните оставете ги на страна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП