26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСледат подобри денови за HTC

Следат подобри денови за HTC

htc-logo

По разочарувачките извештаи во врска со заработувачката на компанијата „HTC“ во првиот квартал, според најновите проценки на „J.P. Morgan“ за корпорацијата „HTC“ ќе дојдат подобри денови.

Слоганот на компанијата е променет од „underweight“ на „neutral“, па доколку предвидувањата се покажат како точни овој статус би можел наскоро дополнително да напредува. Исто така очекуваната цена на акцијата е променета од 160 тајвански долари на 330 тајвански долари.

Во овие анализи се истакнува дека во март се продадени 300.000 примероци од моделот „HTC One“, а во април месец се очекува телефонот да биде продаден во најмалку 1.2 милиони примероци, а додека во мај би можел да дојде до бројката од два милиони. Ова би можело да има удел во заработката на компанијата „HTC“ во вториот квартал и да дојде до зголемување од за скоро 50 проценти во однос на првото тромесечие. „HTC“ секако се наоѓа на вистински пат за подобрување на бизнис-климата, но останува да видиме каков удел ќе има успехот на „Galaxy S4“ телефоните на деловните резултати како на „HTC“, така и на компанијата „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП