Двократната олимписка шампионка Елена Исинбаева дефинитивно нема да учествува на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, откако Меѓународната атлетска федерација (IAAF) негативно одговори на нејзината молба.
Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), минатата недела донесе одлука да не ја суспендира целата руска експедиција од ОИ, но им остави можност на меѓународните спортски федерации да одредат кој може да настапи на Игрите во Рио де Жанеиро.
IAAF пред неколку месеци ја суспендира целатат руската репрезентација поради системско користење на допинг, а настап на ОИ и овозможи само на Дарија Клишина, која последните три години тренира во САД и редовно била тестирана.
„Добив негативен одговор од секретарот на IAAF. За жал не направија исклучок во мојот случај. Не ми дозволија да одам во Рио. Чудото не се случи“, напишала Исинбаева на Инстаграм.