26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПреполовена добивката на Фолксваген во вториот квартал

Преполовена добивката на Фолксваген во вториот квартал

folksvagen

Германскиот производител на автомобили Фолксваген соопшти дека добивката во вториот квартал му е повеќе од преполовена во однос на истиот период лани, пред компанијата да биде погодена со скандалот околу лажирањето на резултатите за емисијата на штетни гасови.

Компанијата наведе дека од периодот од април до јуни заработила 1,2 милијарди евра по плаќањето на данокот, во однос на 2,7 милијарди колку што заработила во вториот квартал на 2015 година.

Акциите на Фолксваген паднале за околу 1,4 отсто на 134,10 евра по објавата на денешните резултати.

Компанијата, во која се вклучени и брендовите „ауди“, „шкода“ и „порше“, наведе во средата дека нејзината глобална продажба пораснала за повеќе од пет отсто во јуни во однос на претходната година, иако испораките во САД значително опаднале.

Германската автомобилска компанија минатиот септември откри дека во своите возила поставувала специјален софтвер кој прикажувал помали вредности на штетни гасови.

Аферата настана кога беше откриено дека спорните автомобили со дволитарски дизел мотори имаат софтвер програмиран да се вклучи кога се врши контрола на емисијата на штетни гасови на тестовите, а да се исклучи при нормално возење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП