27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУште 3 илјади лица ќе отпушти Lloyds

Уште 3 илјади лица ќе отпушти Lloyds

lojdi3

„Lloyds Banking Group Plc“ ќе отпушти уште 3.000 луѓе и ќе заштеди дополнителни 400 милиони фунти (527 милиони долари) годишно, откако најголемиот хипотекарен доверител во Велика Британија се обидува да спречи влошување на финансиските резултати поради „Brexit“, пишува „Bloomberg“.

Во првото полугодие профитот пред даноци, без еднократни ефекти, се намалува до 4,16 милијарди фунти од 4,27 милијарди фунти, пред една година. Ова е пад од 2,6% на годишна основа. Испитаниците (аналитичари) од агенцијата прогнозираа добивка пред оданочување од 4,06 милијарди фунти.

Потенцијалното економско забавување во пресрет на гласањето на Британците да ја напуштат Европската унија пред еден месец го става под притисок извршниот директор Антонио Орга – Осорио да ги продлабочи кратењата на трошоците, за да ги стимулира финансиските резултати.

Намалувањето на трошоците ќе помогне за надминување на евентуално намалување на побарувачката на кредити и ќе се олесни притисокот врз профитот, бидејќи Англиската централна банка размислува за намалување на основната камата.

Досега „Lloyds“ ослободи 7.300 вработени од 9.000 кои се дел од планот да намалување на бројката до 2017-та година. Во февруари компанијата соопшти дека нема да се постигне целта за соодносот трошоци/приходи од 45% до 2019-та година, што е две години подоцна во однос на планираното, а причината се ниските камати.

Нето каматна маргина се покачува до 2,74% од 2,62% пред 12 месеци.

Од почетокот на годината акциите на „Lloyds“ поевтинуваат за скоро 25%, откако паднаа посериозно по гласањето за „Brexit“. Неизвесноста од Европа и назначувањето на новата влада фрла сомнежи околу претходните планови на владата да го продаде преостанатиот удел од 9,1% во „Lloyds“ до крајот на март.

Цената на акциите останува под просечната цена од 73,6 пени која Британија ја плати за време на финансиската криза и помошта во износ од 20,3 милијарди фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП