27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКакви изненадувања подготвува Mercedes зa 2017-та

Какви изненадувања подготвува Mercedes зa 2017-та

izmece33

Во најновиот извештај за продажните резултати во првата половина од 2016-та година, „Mercedes“ ги откри плановите за новите модели за 2017-та.

„Mercedes“ во првите шест месеци на своите купувачи ширум светот им испорача 1.006.619 возила. Toа е прв пат во историјата на овој производител на луксузни автомобили во првата половина од клендарската година да продаде преку милион возила.

Една од причините за раст на продажбата, која на годишно ниво изнесува 12,1%, лежи во фактот дека „Mercedes“ од година во година ја проширува плетата на своите модели. Пресметката е едноставна, новите модели привлекуваат нови купувачи.

izmece34

Компанијата има намера да продолжи со овој тренд, судејќи врз основа на планот кој беше претставен во полугодишниот извештај, во 2017-та на постоечките модели ќе им се придружи „Mercedes GLA Coupe“. Новиот кросовер ќе биде заснован на „Mercedeѕ GLA“ (слично како што се „GLC Coupe“ и „GLE Coupe“ базирани на „SUV“ моделите „GLC“ и „GLE“).

Покрај тоа, семејството модели на „E Сlasѕ“ ќе биде проширена со купе верзија, но и „All Terrain“ караванот, наменет за возење по различни патни подлоги и терени, кој би требало на пазарот да му конкурира на „Audi A6 Allroad“. По овие два модели, можеме да очекуваме и нов кабриолет „E Сlasѕ“.

izmece35

Понудата на спортски модели на „Mercedes“ ќе биде проширена со три нови „GT“ возила, со ознаките „GT R Coupe“, „GT C Coupe“ и „GT C Roadster“. За овие автомобили засега не се познати повеќе детали.

Тоа што е извесно е дека германскиот производител за прв пат ќе претстави „пик-ап“ лесно теретно возило, за кое се претпоставува дека ќе ја има ознаката „GLT“. Меѓу новитетите е и редизајнирана „S Сlasѕ“, која би можела да има премиера веќе на саемот во Париз во октомври оваа година. Што се однесува до брендот „Smart“, во план се дури три возила на електричен погон – „ForTwo EV“ (2016-та), и „ForTwo Cabrio EV“ и „ForFour EV“ (2017-та година).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП