26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИZenbo: Домашен помошник кој секој ќе го посакува (видео)

Zenbo: Домашен помошник кој секој ќе го посакува (видео)

zenbo333

„Asus“ влегува во сферата на роботиката. Компанијата го претстави својот прв робот кој ќе има улога на домашен помошник. „Zenbo“ може да помага во управувањето со паметните домови и во грижата за деца и возрасни луѓе.

Роботот ќе чини 599 долари, а ќе може сам да се движи низ домот. Тој може да се управува и преку гласовни команди.

„Zenbo“ ќе ги потсетува на луѓето дека е време да ги испијат лековите, да не заборават за треминот кај лекар или да направат гимнастиката. Тој ќе може да ги анализира и активностите на човек. На пример, ако возрасен човек падне на земјата, роботот веднаш ќе се јави на блиските и ќе им ги покаже случувањата преку вградена камера.

Роботот може да биде и практичен домашен асистент за паметните домови. Тој може да се поврзе со осветлувањето, камерите и друго. Може да помага и во готвењето, да чита рецепти, и да си игра со децата со неколку различни игри, како и да се користи за видео повик или слушање музика.

„Asus“ пушти и софтверска платформа, која ќе им овозможи на програмерите да создадат дополнителни функции и апликации за „Zenbo“. Лицето на робот е всушност екран на допир, па така што може да се управува и преку него. „Asus“ не објави кога „Zenbo“ ќе започне да се продава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП