27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигнуваат уште два смартфони Honor од Huawei

Пристигнуваат уште два смартфони Honor од Huawei

hu3

Според податоците кои се наоѓаат на страната на кинеската агенција „TENAA“, компанијата „Huawei“ подготвува барем уште два паметни телефони од нивната „Honor“ серија, уреди кои припаѓаат во средната класа.

По моделот „Honor 5X“ кој беше претставен во февруари, кинеската компанија наскоро ќе го претстави „Honor 5A“ (со ознака на моделот „CUN-TL00“) и „Honor 5A Plus“ (со ознака на моделот „CAM-AL00“ и „CAM-CL00“).

„Honor 5A“ ќе има 5-инчен 720p екран, неименуван четиријадрен процесор со такт од 1,3 GHz, 2 GB RAM, 16 GB интерна меморија и батерија од 2200 mAh.

Задната камера ќе содржи 13-мегапиксели, а предната 2 мегапиксели. Тука е и поддршката за 4G LTE мрежата, како и оперативниот систем „Android 5.1 Lollipop“. Димензиите на телефонот изнесуваат 143,8 x 72 x 8,9 милиметри, а тежината 138 грама.

„Honor 5A Plus“ има одредени подобрувања во вид на осумјадрениот чип со такт од 1,8 GHz, поголем 5,5-инчен 720p екран, батерија од 3000 mAh, како и предна камера од 8 мегапиксели.

Останатите карактеристики остануваат исти што вклучуваат и достапност на двата смартфони во црна, бела и златна боја. Димензиите на „Honor 5A Plus“ изнесуваат 154.3 x 77,1 x 8,45 милиметри, а пак тежината е 168 грама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП