27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo со загуба од 128 милиони долари

Lenovo со загуба од 128 милиони долари

lenovo

Кинескиот технолошки гигант „Lenovo“ соопшти денес дека во фискалната година која заврши на 31-ви март забележал нето загуба од 128 милиони долари.

Ваквиот резултат е последица на слабата продажба на мобилни телефони во трката со „Apple“ или производителите на останатите компании кои ја користат платформата „Android“, како и падот на пазарот за десктоп компјутери.

Компанијата со седиште во Пекинг минатата фискална година оствари заработка од 829 милиони долари, пренесува АП.

Аналитичарите укажуваат дека „Lenovo“ не работел особено добро во Кина во споредба со останатите конкуренти, како „Samsung“ или „Apple“ во сегментот на скапи уреди, или „Xiaomi“ во сегментот на евтини уреди.

Вкупниот приход на „Lenovo“ е намален за три проценти, на 44,91 милијарди долари, се наведува во податоците кои се доставени за берзата во Хонгконг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП