26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го претстави и својот модел Galaxy C7

Samsung го претстави и својот модел Galaxy C7

csedum 90

По официјалното деби на моделот „Galaxy C5“, од најголемиот производител на смартфони – „Samsung“, го претставија и смартфонот „Galaxy C7“.

Уредот се напојува со процесор „Snapdragon 625 SoC“, осумјадрен со фреквенција од 2,0 GHz, а има 5.7-инчен „FHD“-дисплеј. Оперативната меморија е 4 GB, а смартфонот ќе се нуди во две варијанти – со 32 и со 64 GB внатрешна меморија.

Главната камера е 16-мегапикселна, а предната е со резолуција од 8 мегапиксели. Батеријата е со капацитет од 3.300 mAh, а постои можност за брзо полнење.

Димензиите на новиот смартфон од средната цена класа се 156.6 x77.2 x6.7 mm, а тежината му е во износ од 165 грама. Оперативниот систем е „Android 6.0.1 Marshmallow“.

Постои и сензор за отпечатоци, имплементиран во основното копче. Новиот уред ќе биде достапен во три бои – сива, златен и розова. Во однос на цената, таа се очекува да биде околу 395 долари за моделот со 32 GB внатрешна меморија.

csedum 91

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП