26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft отпушта 1.850 работници

Microsoft отпушта 1.850 работници

microsoft-headquarters-070712

Американскито софтверски гигант „Microsoft“ најави големи откази во својата гранка за производство на смартфони, само две години откако ја откупи финската компанија „Nokia“ со цел да биде конкуренцијата на пазарот за „Apple“ и „Samsung“.

Американската компанија најави дека ќе отпушти до 1.850 работници, повеќето во Финска.

Претставникот на синдикатот во Финска изјави дека отказите значат и крај на развојот на новите телефони на „Microsoft“.

Според моето сфаќање. „Windows 10“ ќе остане оперативен систем, но повеќе нема да постои производство на телефони во „Microsoft“, нагласи еден од службенците на „Microsoft“, Кајл Кили.

„Microsoft“ во соопштението наведува дека ќе продолжи со развојот на платформата „Windows 10“ и дека ќе ги поддржува своите смартфони „Lumia“, но не даде коментар за развојот на нови телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП