27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да го добиете вниманието од луѓето, а притоа да не бидете...

Како да го добиете вниманието од луѓето, а притоа да не бидете досадни

mujer-con-megafono-696x451

Дали понекогаш ве фрла во очај ситуацијата кога не можете да го добиете вниманието на одредени лица? Не ви одговараат на мејловите, смс пораките, телефонските повици, а вие седите и чекате да добиете барем некаков одговор.

Како да го добиете вниманието од луѓето, а притоа да не бидете досадни, ве советува Барбара Коркоран, основач на Коркоран груп (која се занимава со недвижнини во Њујорк).

Таа за „Business Insider“ вели дека кога сакате да дојдете до одредено лице мора да бидете упорни.

„Но проблемот е во тоа што луѓето се упорни на еден начин. Испраќаат два, три или четири мејлови и така стануваат досадни и луѓето ги замрзуваат, не сакаат да им одговорат, а тие станувааат очајни“, вели таа.

Коркоран затоа советува дека она што мора да го направите е да најдете повеќе начини да го добиете нивното внимание, без оглед дали е тоа новинар или инвеститор.

„Кои заеднички личности ги знаете? Најдете ги тие луѓе и натерајте ги да се заложат за вас, или кажете им барем да телефонираат и да кажат некој убав збор. Потоа, тоа можете да го направите преку мејл или Фејсбук, дознајте што ги интересира па испратете им подарок, посетете ја нивната компанија и пофалете ја, дознајте што ги возбудува, какви инвестици претходно ги интересирале… мора да знаете СЕ за вашата мета“, советува Коркоран.

„Најголем проблем е тоа што луѓето избираат еден начин и постојано се обидуваат со тој начин без сопирање. Никој не го сака тоа“, заклучи таа.

Советите кои ви ги дава Коркоран слободно можете да ги примените и на други сфери од животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП