26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвојно се зголеми кредитирањето во Кина

Двојно се зголеми кредитирањето во Кина

china4

Кинеските банки во март на компаниите и домаќинствата им позајмиле речиси двојно повеќе пари отколку во февруари, покажуваат официјалните податоци во Пекинг.

Банките минатиот месец одобрија нови кредити со вредност од 1,06 милијарди јуани (171 милијарди долари), во споредба со 620 милијарди јуани во февруари, соопшти централната банка на Кина, а пренесува агенцијата Франс прес.

Социјалното финансирање е зголемено на 2,54 милијарди јуани, во однос на 1,07 милијарди јуани во февруари.

Податоците за кредитирањето доаѓаат откако минатата недела индикаторите за инфлацијата и надворешната трговија покажаа дека закрепнувањето на втората најголема светска економија во светот е сеуште слабо.

„Со поттикнувањето на монетарната политика, очекуваме дека економскиот раст ќе се опорави во вториот квартал, по долгата пауза во првиот, под услов ситуацијата со птичјиот грип да не излезе од контрола“, наведуваат аналитичарите.

Кинеската економија минатата година забележа најбавен економски раст во последните 13 години, од 7,8 проценти, поради слабоста дома и на клучните пазари за извоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП