26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКралот на челикот: Тешко е, Кина е проблем!

Кралот на челикот: Тешко е, Кина е проблем!

celik proizvods

Загубата на водечкиот светски производител на челик „Арселор Митал“ е намалена во првиот квартал, поради што компанијата е оптимист во поглед на наредниот период.

Меѓутоа, и натаму предупредува на кревкоста на пазарот поради прекумерното производство во Кина.

Нето загубата во првиот квартал е намалена на 416 милиони долари (364,3 милиони евра) во споредба со загубата од 728 милиони долари во истиот период од минатата година, се наведува во соопшетнието на компанијата.

И покрај тоа, компанијата ги потврди очекувањата дека нејзината основна добивка пред камати, даноци, депресијација и амортизација (EBITDA) ќе надмине 4,5 милијарди долари во тековната година.

„EBITDA“ во првиот квартал, како што беше очекувано, падна на 927 милиони долари во споредба со првите три месеци од 2015-та, што пред се е последица на ниската цена на челикот, што делумно беше неутрализирано низ поголемата испорака на челик.

Продажбата во првиот квартал, на годишно ниво, падна за скоро 22 отсто или на 13,4 милијарди долари, додека обемот на испорака на челик достигна 21,5 милиони тони, што е за 8,8 проценти повеќе во однос на претходниот квартал.

Ваквите резултати, според зборовите на генералниот директор на компанијата Лакшим Митал, се последица на значително тешките услови за работа во втората половина од 2015-та година.

„Од тогаш на нашите клучни пазари следеше подобрување, кое во наредните квартали би требало да ни обезбедни подобри резултати“, изјави Митал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП